
февруари 25, 2020
Потпишан меморандум за соработка со Центарот за развој на Пелагониски плански регион
На ден 18.02.2020 год. Општинската организација на Црвен Крст Битола потпиша меморандум за соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Заедничката соработка ќе се насочува кон дисеминацијата на меѓународното хуманитарно право на Црвен Крст и Црвена полумесечина и подготвеност и дејствување при катастрофи.



