Прва Помош
Црвениот крст на Рeпублика Северна Македонија се залага за постојано подобрување на квалитетот на програмите за прва помош, креирани согласно потребите на целните групи со цел да се овозможи нивна достапност до истите. Преку издавањето на различен едукативно информативен материјал со најновите информации на полето на првата помош, ЦКРСМ се стреми да ги задоволи потребите на различните целни групи: деца на предшколска возраст, ученици од основните и средните училишта, кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби итн.
Редовни активности:
- Настава по прва помош за учениците од основни и средни училишта, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.
- Организирање на државен натпревар по прва помош;
- Учество на екипата на Црвен крст на РСМ на Европската конвенција за прва помош
- Одбележување на Светскиот ден на првата помош
- Одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи
- Едукација по прва помош за возачи на моторни возила
- Едукација по прва помош на работното место за кандидати од јавните и приватните претпријатија.
- Развој на настава по прва помош, адаптирана на потребите на специфични целни групи (деца од предшколска возраст, деца од основните и средните училишта, спортски клубови, граѓански здруженија, популација од руралните области, лица со посебни потреби итн.)
- Организирање на висококвалитетна едукација за волонтерскиот кадар на Црвен крст на Р.Северна Македонија кој учествува во обуките и активностите од областа на првата помош
- Континуирано делување на полето на безбедност во сообраќајот преку градење на оперативни сојузи на локално и национално ниво со владините и невладините организации.
Тргнувајќи од фактот дека првата помош е витална иницијална интервенција која помага за намалување на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување, Црвениот крст/Црвената полумесечина настојува првата помош да биде достапна за секого и да барем едно лице во секое семејство има можност да научи да укажува прва помош.
ЦРВЕН КРСТ НА РСМ – ЛИДЕР ВО ЕДУКАЦИЈАТА ПО ПРВА ПОМОШ
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Северна Македонија бр.302/20) Црвениот крст на РСМ е единствена овластена организација за спроведување на курсеви по прва помош за кандидати за возачи.
Со цел да обезбедиме максимален квалитет од областа на прва помош постојано ја унапредуваме дејноста преку зајакнување на капацитетите на курсна настава, соработуваме со соодветни релевантни чинители и установи во земјава и надвор, ја акредитиравме едукацијата на предавачите и ја модернизираме опремата за изведување на наставата.
Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на предшколска возраст, ученици од основните и средните училишта, кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, популација од руралните области итн.
Црвениот крст на Република Северна Македонија настојува првата помош да биде достапна за секого. Се стреми барем едно лице во секое семејство да има можност да ги научи вештините за укажување прва помош. Ние сме лидери во превенцијата, подготовката и одговор при различни животно загрозувачки ситуации и ги нудиме своите услуги на заедницата.
Курс по прва помош за кандидатите за возачи на моторни возила
Црвениот крст на Република Северна Македонија веќе долг временски период одговорно и квалитетно ја изведува наставата за прва помош за кандидати за возачи на моторни возила. Сите општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје реализираат обуки по прва помош за кандидатите за возачи на моторни возила, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Правилникот за содржините на програмата за обука за постапување во случај на сообраќајна незгода за кандидатите за возачи (Службен весник на РМ бр.31/2008 година) и Правилникот за организирање на курсна настава и оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода на Црвениот крст на Република Северна Македонија (бр. 0202-1087/1 од 28.12.2020).
ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА E ЕДИНСТВЕНА ОВЛАСТЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КУРСЕВИ ПО ПРВА ПОМОШ ЗА КАНДИДАТИ ЗА ВОЗАЧИ
- Курснатата настава трае 8 школски часа (360 минути), односно се спроведува во два дена по 4 школски часа.
- Цена на курсот е 1500,00 денари.
Наставата ја одржуваат предавач и демонстратор кои се сертифицирани од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода. Пред започнување на курсната настава секој кандидат добива Прирачник по прва помош за кандидати за возачи и по успешно комплетирање на истата се здобива со Уверение за завршена курсна настава по прва помош за кандидати за возачи на моторни возила. Со посета на курсевите по прва помош кандидатите за возачи на моторни возила се стекнуваат со теоретско знаење и практични вештини за укажување на прва помош која помага во намалување на компликациите од сериозноста на повреди здобиени при сообраќајни незгоди и ги зголемува шансите за преживување.
Прва помош за работни организации
Согласно Законот за Безбедност и здравје при работа секоја работна организација мора да обезбеди обука за прва помош за своите вработени.
Курс по прва помош за работни организации
Секое работно место и работна организација во која истовремено работат до 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање на прва помош. Црвениот крст на Република Северна Македонија Согласно Законот за безбедност и здравје и Правилник за реализација на курсна настава по прва помош за правни лица на Црвениот крст на Република Северна Македонија (бр. 0202-651/14 од 04.07.2018) спроведува 3 типа на курсеви по прва помош за работни организации:
- Основен курс (6 школски часа– 270 минути ) – Цена 1200,00 денари.
Со овој курс кандидатите се стекнуваат со основни знаења од првата помош корисни за сите граѓани на РСМ.
- Напреден курс 1 (8 школски часа – 360 минути) – Цена 1500,00 денари.
Со овој курс кандидатите се стекнуваат со вештини и знаења за првата помош прилагодени според типот на работното место.
- Напреден курс 2 (13 школски часа– 585 минути ) – Цена 2000,00 денари.
Со овој курс кандидатите се стекнуваат со основни и специфични вештини и практики од првата помош, наменети според специфичноста на работната организација.
Наставата ја одржуваат предавач и демонстратор кои се сертифицирани од страна на Црвен крст на РСМ за оспособување на правни лица за правилно и навремено пружање на прва помош. Секој кандидат пред започнување на курсната настава добива Прирачник по прва помош на работно место и после успешно завршување на обуката кандидатите добиваат Уверение за завршена курсна настава по прва помош за работни организации.
Курс по прва помош за пловен објект
Согласно Правилникот за начинот на стекнување на знаење за управувач на пловен објект, планот и програмата за полагање испит за стекнување на знаење за управувач на пловен објект и образецот на уверението за стекнатото звање, согласно Министерство за транспорт и врски и Капетанија на пристаништата – Охрид, Црвениот Крст на Република Северна Македонија организира обука по прва помош за пловен објект.
- Обуката трае 8 школски часа (360 минути). На крајот од обуката, секој кандидат решава тест за проверка на знаењата, со што добива Потврда за успешно завршен курс по прва помош за пловни објекти.
- Цена на курсот е 1500,00 денари.
Прва помош за разчлични целни групи
Во зависност од интересот и потребите Црвениот крст на РСМ организира и специфични обуки за прва помош затоа Ве молиме обратете се до најблиската општинска организација на Црвен крст и побарајте повеќе информации,како и на телефонот 047-236-019 (Секој работен ден од 09-15 часот)