
декември 30, 2025
Раскажувај ми за снегулките – Претстава на клубот на млади при ООЦК Битола
Црвен Крст – Битола со својата театарска претстава „Раскажувај ми за снегулките“ подготвена од страна на волонтерите на Клубот на Млади, го збогати репертоарот на овогодинешната Битолска Зимска Приказна
Оваа претстава исцрта насмевки кај многу дечиња и ги научи нешто повеќе за добрината, хуманоста и ширењето на позитива насекаде.
Општинската Организација на Црвениот Крст – Битола ви посакува Среќна Нова 2026 година и среќни божиќни празници.









