март 17, 2020

Соопштение 17.03.2020

Почитувани,

Во врска со развој на состојбата поврзана со вирусот COVID-19,Општинската Организација на Црвен крст Битола има капацитет да понуди и воспостави телефонска линија, ….047-236-019….. за спроведување на услуга за набавка на храна,средства за хигиена и лекови за стари,изнемоштени и осамени лица,трошокот за набавката ќе биде на терет на самите граѓани,а волонтерите ќе вршат набавка и достава до нивните домови.Граѓаните ќе можат да ја најават потребата секој ден на телефонската линија од 08 до 12 часот,а услугата/дистрибуцијата ќе биди достапна еднаш неделно.
Ве информираме дека работното време на ООЦК Битола заклучно од денес 17.03.2020 е од 08:30 до 15:00 часот.

< врати се назад